По повод големиот верски празник Прочка, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на 9-ти март(недела) во црквата Света Богородица-Каменско ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 16 часот.

Со богослужбата ќе чиноначалствува  Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

ohridnews