По повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“ на 4 декември 2008 година (петок), во црквата Света Богородица – Каменско во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, соопшти Дебарско-кичевската епархија.

Со богослужбата која започнува во 8.45 часот, ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews