По повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“,на 4-ти декември, понеделник, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews