По повод празникот „Свети врачи Козма и Дамјан“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 ноември 2009 година (сабота), во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ – Варош, ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има само во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ – Варош (едноцрквие за Охрид) со почеток во 8.45 часот.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews