Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јули 2008 година (понеделник), во црквата „Свети Кузман и Дамјан“, Варош, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети бесребреници Кузман и Дамјан Римски“ . Богослужбата започнува во 9 часот, а ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.

На 15 јули 2008 година (вторник) во црквата „Света Богородица Перивлепта“, Варош,  ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Положување риза на Пресвета Богородица во Влахерна“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

Ohridnews