По повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“,на 4. Декември 2019 година (среда), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8:45 часот, известува Дебарско – кичевската епархија.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.