По повод првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“денеска во црквата „Свети Никола“ – Геракомија, ќе се служи света архиерејска литургија.
Со богослужбата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.