Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2008 година (понеделник), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, на Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 8.30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

ohridnewes