Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2010 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на  Плаошник ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“. Со богослужбата што ќе започне во 9.00 часот, ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Ohridnews