По повод празникот „Сретение Господово“, на 15 февруари, недела, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 9.00 часот, соопшти Дебарско-кичевската епархија.
Со богослужбата ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На светата литургија ќе има и ракопололагање во ѓаконски чин.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews