Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27-ми август (понеделник), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица–Голема Богородица“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.

На 28. Август 2018 година (вторник), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј. (Едноцрквие)

На 29. Август 2018 година (среда) во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“ Плаошник – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Неракотворен образ на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.

OhridNews