Екипата на Ресторан Станица и Викса Пром ја совлада екипата на Сатеска и го освои 3 место на 26 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“, што се игра во Волино.
Во малото финале екипата на Ресторан Станица и Викса Пром. славеше по изведувањето пенали со 3:2 Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2.
Стрелци на головите за победникот беа Никола Грданоски и Даниел Сотироски, додека за Сатеска беа Никола Секулоски и Дарко Симјаноски.
За трофејот на турнирот „Богородица куп“ вечерва играат екипите на АСП ПАК и Брумел.
Фото галерија:
OhridNews
Фото: А.Момироска