Богојавленското празнување во Охрид го разубави големо виножито кое се појави непосредно пред фрлањето на светиот крст во водите на Охридското Езеро. Божилакот ја надопони ионака спектакуларната слика на градското пристаниште каде околу 20.000 верници вчера присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Водици.


Богојавленско виножито го огреа Охрид