Здружението “Богојавление – Водици“ дел од средства собрани од празникот Водици ќе ги подари на манастирот „Св. Јован Бигорски“, а дел ќе бидат наменети за средување на дворот на црквата „Св. Никола – Геракомија“, најави претседателот на здружението Љупчо Аранаудов. Покрај ова, од здружението најавуваат и неколку новини годинава.
– Една од новините е тоа што ќе направиме два идентични крста. Едниот ќе биде за фаќачот не чесниот крст, додека вториот ќе го подариме на цркавата Св. Никола – Геракомија – рече Арнаудов.
Од здружението очекуват масовна посетеност на чинот како од охриѓани така и од гости од Македонија и странство.
– Убавата традција ќе продолжи и се надевам дека и оваа година ќе биде свечено со што ќе го продолжиме позитивниот тренд во организирање на оваа манифестација – истакна Димитар Пендов член на Управниот одбор на Здружението “Богојавление – Водици“ .
Нови кумови годинава се Панделески Цветан и Николоски Тане, а примопредавањето на кумството ќе се одржи на 17 jaнуари во црквата Св Никола – Геракомија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com