Здружението на граѓани за целосна афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“ ги повика потенцијалните кумови за Водици да го пријават својот интерес најдоцна до 4 декември.
„Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат кумови на овој голем православен празник треба да се пријават во здружението“, соопштија од „Богојавление“.
Оттаму информираат дека подготовките за Водици 2008 г. веќе се во тек и дека и следната година Охрид достојно ќе го одбележи големиот верски празник.
ohridnews