На свеченост што по традиција се одржува во култниот ресторан „Св. Софија“, синоќа на Митко Топејнчаров од населбата Варош, му беше подарен сребрен крст со златни гравури вреден 3000 евра.


реплика на светиот крст вредна 3000 евра за Топејнчаров

Овој вреден подарок Топејнчаров го доби за фаќањето на чесниот крст што вчера по повод празникот Водици беше фрлен во осветените води на Охридското Езеро. Крстот и другите вредни награди на Топејнчаров му ги врачија кумовите на Водици Олег Маленко, Христијан Шапкар и Борис Маркулески, како и членовите на здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“.

Топејнчаров денеска во месноста Сараиште ќе ги предводи сите досегашни фаќачи на крстот кои ќе присуствуваат на традиционалното зимско капење во Охридското Езеро.

ohridnews

Видео: Митко Топејнчаров по четврти пат го фати чесниот крст