За членовите од здружението на граѓани “ Богојавление”, добивањето на Свети Климентовата награда претставува чест и поттик, во иднина, манифестацијата да ја направат повеличествена и со уште поголем број гости од земјава и странство.
Од здружението не сакаат да ги коментираат останатите добитници на наградата и бројните коментари кои кружат деновиве во јавноста околу тоа- дали годинешната награда на Патронот на Охрид оди во вистински раце.
Од Богојавление потврдија дека ќе присуствуваат на свечената академија и дека со задоволство ќе ја примат наградата.