– Не може да се каже дека бевме надиграни. Поразот беше резултат на нашата слаба игра. Победи пострпливата екипа. Ние имавме многу избрзани удари, кај момците не недостигаше желба, но како што најчесто бива изгореа во желбата – рече Богоев на прес конференцијата по завршувањето на мечот.
Според Богоев, Амак СП не е без шанса во реваншот. Притисокот сега ќе биде на плеките на домаќинот, а охриѓани лесно може да профитираат од таквата ситуација.