Уште еден натпревар на евро сцената е позади охридскиот АМАК СП.  Во дебитатнскиот настап, охриѓани го минаа првото коло, елиминирајќи го Златорог Лашко.

Во второто коло “езерџиите“ налета на ајфеловите кули во Ден Бош, 94-66 е резултатот по првиот натпревар. стратегот на охриѓани Лазовски со кратка ретроспектива за мечот во Холандија.


 – Од резултатат не можам да бидам задоволен, во првиот дел имавме чисти ситауции кои ги искористивме, затоа разликата беше 4 поени. Во вториот дел ја видовме доминацијата на Ајфел таурес. Имавме чисти позиции кои ги не реализиравме што домаќините знаеа и тоа како да го казнат. Покрај тенката клупа дополнителен проблем беше и неиграњето на Џарид Фрај – вели Лазовски.

Капитенот Богоев , вели дека пласманот во второто коло за охридскиот тим кој има кратка историја е голем успех.

– Самиот пласман во второто коло е огромен успех за овај тим.Во второто коло играат клубови со големо реноме и огромни буџети, мислам дека достојно се преставивме без оглед на високиот пораз.


Реванш мечот во второто коло од Фиба Евро Челинџ купот , Амак Сп – Ајфел Таеурс се игра во вторник во Охрид.

M.П.