– За сега се оди во најдобар ред, според планот на тренерот. Се уште не е затворен списокот на играчи , во исчекување сме на две до три засилувања на позициите 4 и 5. Домашниот шампионат за разлика од минатогодишнит е двојно послаб, така да АМАК СП има голема шанса да се најде на врвот.
Покрај домашната , оваа година АМАК СП ќе има и дополнителна меѓународна задача. Кошаркарите имаат задача да го претставуват Охрид и македонската кошарка во што подобро издание во Европа. Мошне драгоцено ќе биде искуството на струмичанецот во тие натпревари.
– Играњето во Европа е голем плус за македонската кошарка, екипите кои играат во тоа првенство располагаат со квалитетни екипи. За АМАК СП ова ќе биде прво вакво искуство и сигурно дека ќе дадеме се да се претставиме во најдобро светло , како клубот така и македонската кошарка.