Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ е најновиот член во тимот на деценијата во Евролигата.
Репрезентативецот на Србија во Евролигата дебитираше во 2012 година во дресот на Партизан. Во втората сезона Богдановиќ играчки експлодираше. Сезоната ја заврши со просек од 14.8 поени и 3.7 асистенции и награда за ѕвезда во подем.
Следните три години, Богдановиќ ги помина во Фенербахче. Турскиот клуб три пати во серија играше на завршниот турнир, а во 2017 година ја освои титулата. Во тој тим беше и Перо Антиќ.
Во изборот на најдобрите учествуваат навивачи, претставници од медиуми, играчи и тренери.
Сега, Богдановиќ се натпреварува во НБА лигата носејќи го дресот на Сакраменто.
Целиот извештај од Евролигата за Богдановиќ можете да го погледнете на следниов линк, тука.
OhridNews