Викторија и Дејвид Бекам успеале минатата година да го зголемат своето, и без тоа големо богатство, на 165 милиони фунти. Само минатата година парот заработил 20 милиони фунти, и тоа не благодарение на фудбалските способности на Дејвид, туку благодарение на дизајнирањето на Викторија.
Нејзината модна линија во кратко време станала многу барана меѓу славните личности, па поради тоа Викторија заработила цело богатство. Покрај тоа таа неодамна потпишала и договор со компанијата кои ги произведува возилата „Ренџ Ровер“. Од друга страна, Дејвид ја продолжил својата соработка со компанијата Самсунг, чиј е главен светски промотер.