Цело богатство заработуваат најдобрите пилоти во Формула 1, додека само тршките остануваат за оние послабите или надежни кои допрва треба да бидат носители на највозбудливиот спорт во светот.
Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон е водечки според заработувачката. Британскиот пилот со Мерцедес има склучено договор вреден 40 милиони евра што е двојно повеќе од договорите на Кристијано Роналдо и Лионел Меси со клубовите во кои настапуваат.
Второто место во листата на платени пилоти го зазема Себастијан Фетел, кој од Ферари заработува 35 милиони евра по сезона а третопласиран е Даниел Рикардо од Рено со 31 милион евра. Големата петторка ја сочинуваат Макс Верстапен со 11 милиони евра односно Валтери Ботас од Мерцедес со 7,5 милиони евра.
Најслабо платен пилот во Ф1 шампионатот е Алекс Албон од Торо Росо кој заработува 150 000 евра. Во споредбата со Хамилтон, Албон заработува 266 пати помалку од Британецот кој е алфа и омега моментално во Ф1 циркузот.
Листа на платени пилоти:
1. Луис Хамилтон (Мерцедес) 40.000.000 евра
2. Себастијан Фетел (Ферари) 35.000.000 евра
3. Даниел Рикардо (Рено) 31.000.000 евра
4. Макс Ферстапен (Ред Бул) 11.500.000 евра
5. Валтери Ботас (Мерцедес) 7.500.000 евра
6. Кими Раиконен (Алфа Ромео) 4.000.000 евра
7. Нико Хулкенберг (Рено) 4.000.000 евра
8. Карлос Саинц (Мекларен) 3.500.000 евра
9. Шарл Леклер (Ферари) 2.900.000 евра
10. Серхио Перез (Рејсинг Поинт) 2.900.000 евра
11. Роман Грожан (Хас) 1.600.000 евра
12. Пјер Гасли (Ред Бул) 1.150.000 евра
13. Ленс Строл (Рејсинг Поинт) 1.000.000 евра
14. Кевин Магнусен (Хас) 1.000.000 евра
15. Роберт Кубица (Вилијамс) 500.000 евра
16.Данил Квјат (Торо Росо) 270.000 евра
17. Ландо Норис (Мекларен) 230.000 евра
18. Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 200.000 евра
19. Џорџ Расел (Вилијамс) 160.000 евра
20. Алекс Албон (Торо Росо) 150.000 евра
OhridNews