На шести јули започнува 49- то издание на Балкански фестивал на народни песни и игри 2010. Организаторите најавуваат богата и разновидна програма и настапи на ансамбли од Балканот, но и останатиот дел од Европа и светот.

Во рамки на првата фестивалска вечер предвиден е целовечерен концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија “ Танец” од Скопје.

На 7- ми јули, среда, ќе настапат ансамблите: “ Харманфолк” од Истамбул- Турција, “ Разиграна Македонка” од Квинбијан- Австралија и Ансамблот “ Лагос” од Нигерија.

На третата фестивалска вечер, целовечерен концерт ќе одржи Ансамблот “ д- р Иван Иванчан” од Загреб- Хрватска.
 
На 9- ти јули, свој настап ќе имаат: Ансамблот од Абиџан- Брегот на Слоновата коска, КУД “ Јонче Христовски” од Скопје и КУД “ Мика Митровиќ- Јарац” од Белград.

На претпоследната вечер од фестивалот ќе настапат Ансамблите “ Пирин” од Благоевград- Бугарија и “ Љубо Божановиќ”- Пипери од Подгорица.

Овогодинешниот фестивал, на 11- ти јули, ќе заврши со настап на Ансамблот  “ Салајка” од Тамборице- Чешка, КУД “ Св. Апостол Петар и Павле” од Охрид, Ансамблот “ Македонија Волонг” од Австралија и КУД “ Отекс” од Охрид.

OhridNews