Богатство вредно неколку милијарди долари пронајдено е во темелите под еден хиндуистички храм на југот на Индија.

Накит од злато и сребро, златници и скапоцени камења, вредат, според првичната проценка, повеќе 500 милијарди рупии (11 милијарди долари), соопшти министерот за внатрешни работи на државата Керала.


Илјадниците ѓердани, злато и скапоцени камења се наоѓаа во пет засолништа во храмот Шри Падманахауами, посветен на богот Вишну.

Храмот бил изграден пред многу векови, богатство коешто е откриено се подароци од верниците.

OhridNews