Организаторите на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2015“ за јубилејното петто издание се погрижија да биде најдобро до сега обезбедувајќи богати парични награди.
Победникот на меморијалниот турнир покрај пехар ќе освои и награда од 70 000 денари. Поразениот во финалето ќе инкасира 35 000 денари.
Третопласираната екипа на меморијалниот турнир ќе освои 15 000 денари додека четвртата 3 000 денари.
Организаторите обезбедија и индивидуални награди за најдобриот играч, голман и стрелец.
Јубилејното петто издание на турнирот во Лескоец започнува в среда, а ждребката за групите е вторник во 19 часот.
Мх.П.