Богатиот спортски викенд исполнет со дерби пресметки во фудбал, ракомет и кошарка во Охрид ќе биде во знакот на хуманоста за помош на охриѓанката Сара Настеска на која и се потребни 200 000 евра за лекување во Германија.

Екипи на Црвен крст ќе бидат распределени на сите спортски настани викендов во Охрид, а секој во рамките на своите можности да помогне за собирањето на средствата за лекувањето на Сара.

Спортските возбудувања викендов започнуваат во 14 часот и 30 минути со фудбалската пресметка помеѓу Охрид и Струга. Еуфоријата во Охрид ќе кулминира со „Езерското“ дерби помеѓу Охрид и Струга во ракометната Супер лигата.

В недела во 14:30 часот Струга Трим Лум на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ ќе се сретне со Гоблен Јуниор, а спортски збиднувања ќе се заокружата со дуелот помеѓу АВ Охрид – Куманово во третата рунда од Првата лига. Мечот на „галебите“ ќе биде директно пренесуван на МТВ 1 во 17 часот и 30 минути.

Во акцијата за поддршка на охриѓанката Сара Настеска се приклучи и најмасовната и најголемата спортска манифестација во нашиот град Охрид трчаТ. Организаторите на Атлетскиот викенд ќе доделат стартни пакети за компаниите, институциите и сите други кои ќе донираат средства за помош на Сара.

Програма:

Сабота

Фудбал: ГФК Охрид Лихнидос – Караорман (14:30ч)

Ракомет: Охрид – Струга (19:30ч)

Недела

Фудбал: Струга Трим Лум – Гоблен Јуниор (14:30ч)

Кошарка: АВ Охрид – Куманово (17:30ч)

OhridNews