Репрезентативниот голман Мартин Богатинов ја засили романска Стеуа. Договорот кој го потпиша Богатинов е во времетраење од шест месеци со можност за продолжување.
Во редовите на романскиот првак веќе две сезони стандарден првотимец е Даниел Георгиевски, а со доаѓањето на голманот се зголеми македонската колонија.
Богатинов изминативе неколку сезони беше дел од Карпати, но сакаше поголем предизвик и со засилувањето на Стеуа го доби тоа.
Мх.П.