Организаторите на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2014“ за јубилејното десетто издание подготвија богати парични награди.
Првата награда за победникот на јубилејниот десетти турнир ќе добие 85 000 денари. Поразениот тим во финалето ќе инкасира 40 000 денари.
Третопласираниот тим на турнирот ќе освои награда од 20 000 денари додека четвртиот 5 000 денари.
Покрај паричните награди признанија ќе има за најдобар голман и играч.
Пријавувањето за турнирот е во тек а ќе трае до 11 јули.
Мх.П.