Туристичката понуда на Охрид е побогата за агенцијата „Travel X“, која официјално почна со работа денеска. Станува збор за подружница на познатата туристичка агенција од Скопје, лоцирана на улица „Димитар Влахов“ бр. 20, во близина на старата автобуска станица, каде охриѓани ќе може да ја одберат саканата дестинација за одмор.

Имаме голем број аранжмани. Освен зимските центри од регионот и пошироко, актуелна во моментов е понудата за 8 Март со авионски и автобуски превоз за Париз, Виена, Фиренца, Чинкветере, Венеција, Прага, Кападокија, Санторини, тура по азурниот брег и други дестинации, посочуваат Елена Радеска Китеска и Горјанчо Радески од ТА „Travel X“.

Во моментов за рана резервација за Лето 2024, ТА „Travel X“ нуди 20% попуст, но и бројни други поволности и промоции кои, освен на веб страната на агенцијата, редовно ќе бидат објавувани и на профилите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Доколку се изврши рана резервација на одмор во лето, постои можност аранжманот да се плаќа на рати, посочуваат од ТА „Travel X“.

Агенцијата нуди апартмантско и хотелско сместување со организиран и сопствен превоз, како и можност за реализација на индивидуални аранжмани до егзотични дестинации. Исто така, во ТА „Travel X“ може да се резервираат авионски карти за целиот свет, како и патничко осигурување, а агенцијата посредува и при аплицирање за визи.

ТА „Travel X“ е достапна за клиентите секој работен ден, од понеделник до петок од 10 – 17 часот, а во сабота од 10 – 15 часот.

OhridNews/PR
Фото: Бобан Стојаноски