Богаташот Николас Бергруен е човек кој не ги искористува своите пари. Тој не поседува ниту куќи ниту скапи автомобили, единствено само неколку ситници кои секогаш ги носи со себе во хартиена вреќа. Тој неодамна вложил 881 милион фунти во Бургер Кинг и рекол дека не ги сака материјалните вредности. Она што го разликува од останатите бездомници е тоа што на сметката во банка има 1,5 милиони фунти.

Не му се допаѓал животот кој го воделе луѓето како него, па луксузниот стан во Њујорк и приватниот остров ги продал пред 12 години. Смислата на животот ја пронашол во патувањата, убавите жени, а понекогаш за еден месец посетувал до 24 града. Тој инаку сакал да купува уметнички дела и да ги подарува на музеите. Минатата година вложил 12 милиони фунти во кампања како би ја извлекол Калифорнија од долговите.