Спортската понуда и овој викенд ќе биде богата со разно разни спортски збиднувања во нашиот град. Охридските колективи со полна пареа се натпреваруваат во своите спортови и бележат се подобри резултати.

Збиднувањата во Охрид ќе започнат во 9 часот со натпреварите од Детската лига во фудбал, а ќе завршат в недела во 17 часот со натпреварот на АВ Охрид против Работнички во првата рунда од Супер лигата.

Распоред:

Сабота:

9ч: Детска фудбалска лига

11ч: ЖРК Лихнид – Алушевски (ракомет пионерки)

13ч: Охрид-КЛ – 7 Струга (ракомет пионери)

15ч: Струга Трим Лум – Зајас (фудбал – Втора лига)

17-19ч: Финални мечеви во Бизнис лигата во мал фудбал

Недела:

13:30ч АВ Охрид – ФМП Академија (кошарка М-18)

15ч: Воска – ГФК Охрид Лихнидос (фудбал)

17ч: АВ Охрид – Работнички (кошарка – пренос во живо на Ohrid News)

OhridNews