Празникот на Патронот на Охрид, 8 Декември, Св. Климент Охридски ќе биде одбележан со богата програма.
Чествувањата почнуваат на 5 декември, четврток, со музички концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“, што ќе се одржи во концертната сала на училиштето во 18.30 часот. Половина час подоцна ќе се одржи свечена приредба на ОУ „Свети Климент Охридски“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
На 6 декември, петок, во 12 часот свечености во чест на Патронот, ќе се одржат во НУ Библиотека „Григор Прличев“. Вечерта во 19 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, премиерно ќе биде прикажан играниот филм „Дедо и внук“ во режија на Илија Пиперкоски.
На 7 декември во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид, како и изложба на ликовни творби на учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ и доделување награди од училишниот конкурс.
Во 20 часот во големата сала на центарот за култура, ќе започне свечената кадемија на која ќе бидат доделени наградата и повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот.
На 8 декември, на празникот Св. Климент Охридски, свеченостите ќе продолжат со полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад, каде ќе бидат врачени наградите за најдобрите поетски творби на ученичкиот литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.
OhridNews