Од утре почнува деветтото издание на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кое ќе трае до 16 јуни во Охрид.

Подгответе се да уживате во прекрасните и креативни изведби на младите актери, волонтери на организациите на Црвениот крст од Србија, Црна Гора и Македонија, велат од Црвен крст Охрид.

Програмата започнува утре, 12-ти јуни, во предворјето на црквата „Св. Софија“, каде со почеток во 21:00 часот, Театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја изведе претставата „Утре“ по сценарио и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц.

Во четврток, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Театарската група на Црвен крст од Бар ќе ја изведе претставата „Потрага по изгубеното богатство“, во режија на проф. Мирјана Савичевиќ и Ивана Кецојевиќ. Во 21:00 часот младите глумци од Црвен крст Крагујевац ќе ја изведат претставата „Њима о њима“ во режија на Лазар Јовичиќ.

Програмата се заокружува со изведбата на претставата „Ланчана реакција“ од Снежана Маравиќ, од страна на театарската група при Црвен крст од Суботица, во петок, 15-ти јуни во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21:00 часот.

Влезот за следење на претставите е слободен.

OhridNews