Во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи 2014“, на 5-ти февруари во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прлилев“ ќе биде доделна наградата за најдобра необјавена поема на македонски литературен јазик „Григор Прлилев“, која завршува во рацете на Иван Василевски за делото со наслов „Азбукословецот“.

Настанот ќе биде збогатен со изложба на ликовни дела од колекцијата на оваа установа, настап на хорот при НУ Центар за култура „Григор Прличев“, претставување и артистичка изведба на наградената поема, врачување на повелбата за најдобра поема за 2013 година, обраќање на лауреатот Иван Василевски, односно објавување на конкурс за најдобра поема “Григор Прличев” за 2014 год.

Манифестацијата продолжува на 6-ти февруари со полагање цвеќе пред спомен обележјето и гробот на Григор Прличев, прличева визита, како и посета на спомен куќата.

OhridNews