Кеј Македонија

Од 27.06.2024 - 18:00 до 29.06.2024 - 23:00

Богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 27-ми до 29-ти јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.

На отварањето на фестивалот на 27.06.2024 (четврток) на сцената ќе настапат Backdoor band, Миле Кузманоски и „Куку леле“.

Вториот фестивалски ден на 28.06.2024 (петок) е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers.

Во рамки на третиот фестивалски ден на 29.06.2024 (сабота) за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.

Концертите на македонските музички артисти ќе бидат надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна, информираат од Општина Охрид.

Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.

OhridNews