Од 6- ти до 11- ти јули, на сцената на Долни Сарај, ќе се одржи 49- тото издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Предвидении се настапи на ансамбли од Балканот, но и останатиот дел од Европа и светот.

– Годинава, како и секогаш, имаме интересна програма, од интернационален карактер, со задолжително присуство на балканските и европските зејми и бројни учесници, со што го потврдуваме интернационалниот карактер на овој фестивал, потенцира директорката на Центарот за култура Григор прличев, Драгана Боцеска.

Ќе учествуваат  ансамбли од Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Чешка, Австралија, Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и од Македонија. Ансамблот , „Танец” ќе го отвори фестивалот, а ќе настапат и ансамблите- „Пирин“ од Бугарија и „Мирка Митровиќ Јарац” од Србија.Како што истакна Боцеска, во тек се и подготовките за јубилејното издание на фестивалот кое ќе се одржи наредната година.

Балканскиот фестивал за народни песни и игри го организира Центарот за култура „Григор Прличев” од Охрид, со подршка од  Министерството за култура, а под покровителство на Собранието на Република Македонија.

Влезот за петте фестивалски вечери  ќе биде слободен, а програмата ќе започнува во 21 часот.

Т. К.