Охрид за продолжениот празничен викенд ќе биде и епицентар на забавата. Исклучителна програма за сите вкусови подготви менаџерскиот тим на „Кадмо“, со квалитетни настани во барот во центарот на градот и клубот на плажата кај Студенчишта.

Во „Кадмо“ бар, за забавата на Велики Петок задолжени се уникатните шоумени „Броз“. Во сабота гостува дуото „Рандевоус“, недела е резервирана за Велигденска забава со „Балкан џем“, а понеделник настапува диџеј Гец.

Забавите почнуваат во 22 часот.

Извонредна понуда има и клубот на плажата „Кадмо“, каде од денеска до вторник ќе настапат Драган Темелков – Џони, Боби Павловски, Магла бенд и Јоце Панов.


Од „Кадмо“ најавуваат одлична понуда во мај, а полека се подготвува и летната шема.

OhridNews