Месната заедница од Лескоец која ќе го организира меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“ ја обелодени наградата за шампионот. Победникот на осмиот по ред турнир во мал фудбал ќе добие 80 000 денари.
Во најскоро време организаторите ќе ги дефинираат паричните награди за учесникот во финалето, третопласираниот и четвртопласираниот на турнирот.
Инаку, пријавувањето за учество на турнирот е во тек и може да се потврди на телефонот 070 217 891 (Павел). Учеството на турнирот изнесува 3 000 денари.
OhridNews
Започна пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“