Фудбалската федерација на Македонија им додели парична наград во висина од 230 000 евра на репрезентавците од У21 селекцијата за пласманот на Европското првенство во Полска.


„Црвено жолтите“ успешно ја минаа квалификациската група завршувајќи на првата позиција пред Франција, Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска.

– Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа. – стои во соопштениетo од ФФМ по собирот на Управниот одбор.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски обезбедија место во македонската фудбалска историја бидејќи никоја репрезентација преходно немала ваков успех.

OhridNews