Викендов кој доаѓа е резервиран за Атлетската манифестација Охрид трчаТ, која годинава со нов концепт и поголема понуда по трет пат ќе се одржи низ улиците на градот Охрид. Организаторите подготвуваат спектакл кој ги помести границите во спортот, а пријавените учесници со нетрпение го очекуваат викендот за кој долго ќе се зборува.
На 31 мај во петок на Ноќната трка за забавата ќе бидат задолжени Ди-џеј Ванчо Јованоски, популарната група Броз и Никола Тони Перкашн. Учеството на Ноќна трка е бесплатно, а се што треба да понесете со себе е позитивна енергија. Стартот на Ноќната трка е во 21 часот во близина на фитнес зоната Амброзија, додека завршницата е на Кејот Македонија пред Домот на култура Григор Прличев.
За време на експото кога учесниците ги подигнуваат стартните пакети загреваат за главниот настан за добра забава и позитивна енергија се задолжени Ди-џеј Јана Слеј и Ди-џеј Дарк_М. Во склоп на експото партнерите на Охрид трчаТ ќе имаат можност да ги рекламираат своите производи, а со добра музика атмосферата ќе биде уште подобра.
Во недела на 2 јуни на музичкиот подиум ќе биде Ди-џеј Реџи Рулс, а за забавата после главниот настан ќе се погрижи групата Балтер. Учесниците ќе го разиграат Охрид со трчање, а после ќе го направат среќен град со забавата на која се поканети сите.
Атлетскиот викенд Охрид трчаТ годинава ќе го надмине очекуваниот број на пријавени учесници и ќе ја продолжи тендицијата на растење на настанот кој полека прераснува заштитен знак на градот во нашата земја и надвор од неа.
OhridNews