Во недостаток на охридски клуб љубителите на фудбалот од Охрид апетите мораат да ги задоволуваат со гледање на некогашните ривали на „рибарите“.


В среда на „охридското мени“ има три контролни натпревари кои ќе се одиграат на терените од јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

На „Атина Бојаџи“ во 12 часот ќе се сретнат Ренова и српскиот Радник додека во 14:30 на двата терени ќе има фудбал и тоа Металург – Влазрими односно Борац Чачак – Јавор Ивањица.

Фудбал ќе има четврток и петок, а ќе се сретнат Металург – Младост Царев Двор односно Влазрими – Јавор.

Мх.П.