Вљубениците во фудбалот и спортот воопшто викендов на фудбалската арена „Атина Бојаџи“ ќе имаат можност да проследат три натпревари, по еден од Првата, Втората и Општинската фудбалска лига.


Богатата фудбалска програма ќе започне в сабота во 14:30 часот со дуелот меѓу прилепска Победа и новајлијата во Втората лига, тимот на Љубанци.

Прилепчани играат во Охрид поради суспензијата од ФФМ на теренот „Гоце Делчев“ поради инцидентите во минатото коло на мечот со Македонија Ѓорче Петров.


Во недела (12ч) на стадионот со вештачка трева составот на Охрид против Вулкан ќе го одигра шестиот натпревар во Општинска фудбалска лига.

Со пет победи во пет натпревари фудбалерите на Охрид се наоѓаат на првата позиција и се освен победа на домаќинот во мечот со Вулкан ќе биде изненадување.


Фудбалскиот викенд ќе го заокружат екипите на Младост од Царев Двор и Шкендија кои во Охрид ќе ги одмерат силите во 10-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.

Охриѓаните во тимот на „зелено белите“, Антонио Каланоски, Наум Вељаноски и Сашо Ѓорески ќе бараат начин да го запрат лидерот на табелата кој на „Атина Бојаџи“ ќе допатува без најдобриот играч Ферхан Хасани и серија од шест победи по ред. 

Мх.П.