Претстојниот викенд ќе понуди одлична забава во популарните охридски локали. Староградска музика и одлично мени во „Ла фабрик“, бендови во живо во „Куба либре“, „Кадмо“, „Аквариус, најдобриот стендап во „Џез инн“, диџеи и настапи во живо…

На 15 ноември, петок, во „Куба либре“ настапува Ѓоко Танески со неговиот бенд.

Забавата почнува во 22 часот.

Во „Кадмо бар“ на 15 ноември, петок, настапуваат Лазар & Димитар лајв.

Почеток на забавата: 22 часот. Информации и резервации: 078 288 365.

На тераса „Аквариус“, на 15 ноември настапува популарниот бенд „Броз“.

Забавата почнува во 22 часот.

Забавата во сабота со староградски мелос и извонредно мени ќе ја зачини омиленото место на многу охриѓани „Ла фабрик“. На 16 ноември тука уживајте во староградска музика со ансамбл „Билјана“ и мени по промотивна цена: даска за 4 лица + 4 кригли точено Македонско пиво = 500 ден.

Забавата почнува во 21 часот. Резервации на: 078 500 554.

Најдобрите шеги од новата сезона ќе може да ги чуете во култниот клуб „Џез инн“. Доколку сте пропуштиле претходно шоу ова е можност да си надоместите. Час и петнаесет минути ултра интензивно смеење со Никола Тодороски, Зоран Донев, Илија Богданоски и Никола Сиљаноски.

Инфо и резервации на 075 283 066.

Влез 200 ден.

Во „Куба либре“ на 16 ноември, сабота, настапува диџеј Гец,

Забавата почнува во 22 часот.

Саботата во „Кадмо бар“ е резервирана за „Балкан џем“.

Свирката стартува во 22 часот.

Информации и резервации: 078 288 365.

За популарните настани во градот редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“.

OhridNews