Ноќеска околу полноќ, при преземање мерки против „незаконит риболов“, полициски службеници од СВР Охрид, на брегот на Охридското Езеро, кај Пештани, пронашле четири мрежи со уловени 74 парчиња риба белвица.
Рибата е одземена и предадена на Хидробиолошки завод Охрид. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се сторители на казненото дело „незаконит риболов“, против кои ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.
OhridNews