Викендов кој доаѓа во Охрид има богата спортска понуда за сите сладокусци како ретко до сега. На менито в сабота охриѓани имаат елитни натпревари во кошарка и ракомет, додека в недела имаат третолигашки фудбал на „Атина Бојаџи“. Поддршката добре дојдена ќе им биде на сите спортски колективи кои се натпреваруваат во Охрид, а спорт викендов има и за најпребирливите во градот.


Сабота:

13 часот: ЖРК Лихнид – Вардар СЦБТ (пионерки/ракомет)

14 часот: АВ Охрид – Струмица (М20/кошарка)

17 часот: КК АВ Охрид – Струмица (кошарка)

19:30 часот: РК Охрид – РК Пролет (ракомет)

Недела:

14 часот: ГФК Охрид – Кравари (фудбал)

OhridNews