Учесниците на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2023“, ги очекува богат награден фонд. Првопласираната екипа ќе инкасира 100.000 денари, соопшти организаторот.

Ждребката на групите ќе се одржи вечерва, 17 јули, во Домот на култура во с.Велгошти во 20 часот, по што ќе бидат соопштени и останатите детали за 18 издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2023“.

Резултатите од натпреварите и оваа година ќе може да ги следите на Охридњуз.

Г.М.