По четридневна интензивна работа со изведба на расказите: „Вистината и лагата“ и „Црвениот трндафил“ и народната приказна „Господ си ја знае работата“ синоќа завршиТеатарската работилница за деца летувалци и од Трпејца раководена од актерката Марија Новак.

На настанот му претходеше атрактивната вечерна променада „Со кајче по езерото“. Деца – инструменталисти свиреа на флејата, хармоника, кларинет … а публикта ги гледаше од брегот.

Утрово започна забавниот настан „Фаќаме риба на јадица“ а во 20 и 30 е евергрин концертот на Емилија Маринова и Јане Тодоровски.

Утрото во недела (10 часот) е резервирано за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ а во вечерниот термин на сцената Кај Бунарот ќе се одржи настанот озаглавен: „за Трпејца со љубов“ посветена на писателот, хроничар и публицист Данило Коцевски и неговите раскази за Трпејца и трпејчани. Извадоци од книгата „Патување за Аркашон“ од Коцевски ќе презентира актерката Марија Кондовска а осврт за книгата ќе има новинарката Јана Коцевска.

Вечерта, репризно ќе биде прикажан документарецот „Трпејца на дланка“ премиерно прикажан пред два дена.

Деветото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ ги донесе и настапот на младиот гитарист Мартин Милески, дуто BLACK MOON промоцијата на книгата „Метафора“ од академик Миле Миќуновиќ и дружбата со Живко Поповски – Цветин.

Организатор от здружението „За Трпејца со љубов“ годинава е помогнат финансиски од општина Охрид, Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје и спонзори од Охрид и Трпејца.

OhridNews