Со концерт на македонскиот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, ќе биде отворено 53- то издание на  Балканскиот фестивал за народни песни и игри.

На најстарата фолклорна манифестација на Балканот која ќе се одржи од 6-ти до 11-ти јули во Охрид,  ќе настап голем број ансамбли од Хрватска, Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Австралија, Полска и Турција.

Свеченото затворање на фестивалот, кој е во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, ќе биде на 11-ти јули, со настап на ансамблот „Јалова“ од Турција и настапот на ансамбли од Македонија.

Инаку, Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолклорна манифестација, основана во 1962 година. Над дваесетина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО – Интернационалниот совет на организациите за фолклорни фестивали и фолклорна уметност и Меѓународната организација за фолклорна уметност.

OhridNews