Денес на цивилното стрелиште „Бејбунар“ со почеток во 9 часот ќе се изведува боево гаѓање од страна на припадници на Затворската полиција при КПУ „Затвор“ Охрид. Гаѓањето се очекува да заврши најдоцна до 14 часот.
Се известуваат граѓаните од Општина Охрид и околните населени места дека ќе биде забрането движење околу стрелиште „Бејбунар“, сѐ додека гаѓањето не заврши, информираат од КПУ „Затвор“ од Охрид.
OhridNews